Разновидноста на мобилни апликации често е меѓу главните аргументи на производителите на смартфони зошто човек треба да избере кој апликации ќе ги има на нивните уреди. Во онлајн продавниците на Android и iOS всушност има милиони апликации, но реално луѓето уживаат во сосема мал дел од нив, покажува статистиката на comScore, цитирана од интернет изданието BusinessInsider.
Компанијата има направено годишна статистика за најчесто користени мобилни апликации во САД. Не е изненадување дека во топ 10 на најчесто користени апликации доминираат само најпопуларните имиња. Всушност, само две од нив не се во сопственост на Facebook или Google. Ова е листата:
10. Pandora – ја користи 41% од корисниците.
9. Gmail – 44%
8. Google Play – 47%
7. Snapchat – 50%
6. Instagram – 50%
5. Google Maps – 57%
4. Google Search – 61%
3. Facebook Messenger – 68%
2. YouTube – 71%
1. Facebook – 81%.