„Копенхагенското тркало“ е електричен мотор кој може да му помогне на секој обичен велосипед да достигне брзина од 40 километри на час возејќи по угорница.
Измислено е од истражувачи на Масачусетс Институтот за технологија, а пасува на речиси секој велосипед. Дизајнирано е за незабележливо да се вклопи во урбаниот, градски велосипед.
Задното тркало се менува со тркалото со електричен генератор, се поврзува со паметен телефон кој ги контролира забразувањето и кочењето, како и безбедноста на сообраќајот наоколу.
При возењето на велосипед, се произведува енергија во просек од 100 вати, која го забрзува вртењето на педалите.
Сепак, тркалото не е воопшто евтино – засега чини околу 1.500 долари.