Батеријата која е сместена во вашиот iPhone е литиум-јонска ќелија, која според Apple трае подолго од батериите на конкурентските уреди. Но, како да препознаете дека и се ближи крајот?
Пред да одговориме на ова прашање, да кажеме дека батериите во iPhone не се баш наједноставните уреди на светот. Доколку повеќе луѓе ги прашате како тие функционираат, нема да знаат да ви одговорат.
Како функционираат батериите?
Еве ја најкратката верзија од одговорот на ова прашање. негативната анода е оддвоена од позитивната катода со електролити. Анодата пушта негативни електрони низ струјно коло на уредот на кој му треба енергија (во овој случај iPhone), додека катодата ги привлекува позитивните. Полнењето на вашиот уред ги префрла позитивните електрони на негативната анода.
Што се тоа циклуси на батеријата?
Првото и основно правило е дека староста на батеријата не се пресметува во години, туку во циклуси на полнење. Тоа значи дека слободно можете да заборавите на процентот на полнењето на батеријата – ова нема врска со ништо. Циклусот на полнење е потрошувачката која е потребна за батеријата да се испразни од 100% до 0. Ова значи дека батеријата може да ја наполните од 60% на 100%, што значи дека ќе потрошите 40% од циклусот на полнење. Откако ќе го наполните уредот, ви преостануваат 60% пред да затворите еден циклус.
Начелно правило кај потрошувачката на батеријата на уредите е полн циклус низ еден или неколку дена, зависно од потрошувачката.
Колку е животниот век на една батерија?
Oдговорот на ова прашање е многу тешко да се одреди, затоа што животниот век на батеријата зависи од тоа колку често ја користите, колку долго била вклучена, колку часа дневно ја користите, колку често ја полните, бидејќи животниот век се брои во циклуси на полнење.
Кога и да поминете цел циклус ќе потрошите дел од батеријата. Ова се случува многу бавно, што значи дека веројатно нема ни да ја замените. Хемиската реакција потребна за производство на струја остава тенок слој на литиум кој ги покрива електродите и го зголемува внатрешниот отпор, намалувајќи ја количината на полнеж кој може да се искористи за напојување на уредот.
Apple тврди дека нивните батерии траат околу 400 циклуси за да паднат од 100 на 80 проценти капацитет, што значи оклу две до три години. Откако ќе ја надминете таа точка, ќе забележите дека вашиот уред не полни брзо како порано, но дека и понатаму е солидно функционален.
Извор: tportal.hr
Поврзани артикли