Почнува новата учебна година, па добро е освен вообичаените школски предмети и помагала да се обезбедат и соодветни гаџети и апликации кои можат значително да им го олеснат животот на учениците и на студентите. Овие се најпопуларните апликации што можат да се користат при учењето:
1.Photomath
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft store
Photomath е наједноставниот начин за решавање математички проблеми. Доволно е само да се насочи камерата од мобилниот телефон кон задачата, која речиси моментно добива решение. Со оглед на тоа што од неодамна е воведено и функционално скенирање на рачно напишани задачи, апликацијата моментно го нуди точниот резултат, заедно со комплетната постапка на решавање, чекор по чекор.
2. My Study Life
Линк: iOS, Android, Microsoft Store, Chrome Web Store
Оваа апликација ги интегрира сите аспекти на академскиот живот на едно место, преку повеќе платформи. Во неа можат да се внесуваат рокови и описи на задачите, испитите, бараните поправки за неположени испити, како и комплетен распоред на предмети и предавања. Можностите навистина се широки, па на прв поглед апликацијата изгледа комплицирано. Но, со прегледување на туторијалот што е интегриран во апликацијата, работите стануваат многу појасни.
3. Microsoft OneNote
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Наједноставниот опис на оваа апликација е дигитална тетратка. Со оглед на тоа што во апликацијата можат да се конфигурираат повеќе тетратки, можат да се отворат за секој предмет поединечно. Апликацијата е достапна на сите платформи, но за цртање сепак најадекватно е да се користи таблет или лаптоп со екран на допир. Кога се работи за запишување текст, наједноставно е користењето на лаптоп со класична тастатура. Клауд-поддршката е вистински адут затоа што запишаното и нацртаното лесно може да се прегледуваат на мобилниот телефон.
4. Периодичен систем на елементи
Цена: бесплатно.
Иако постојат повеќе апликации за Периодичниот систем на елементите, ова е официјалната апликација на англискиот Royal Society of Chemistry. Како и сите други напредни апликации за Периодичниот систем, оваа исто така е на англиски јазик, што и не е голем проблем. Сите информации, како атомскиот број и валентноста, можат лесно да се читаат. Една од предностите е и можноста за прегледување како се менува секој елемент со менување на температурата.
5. WolphramAlpha
Цена: 2,99 долари (iOS), околу 200 денари (Android, MicrosoftStore). Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Оваа апликација е пребарувач кој не работи по истиот принцип како другите, кои се насочуваат кон клучните зборови за пребарување и нудат што поголем број интернет-страници каде што се појавуваат посочените зборови. Апликацијата работи врз принцип на алгоритам кој собира и компресира поголемо количество достапни информации. Дополнително, апликацијата обработува и математички задачи. Иако е побавна од Photomath, оваа апликација нуди многу повеќе информации за начинот и текот на решавањето на задачата.
6. Khan Academy
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Оваа апликација е систем со над 10.000 видеа (на англиски јазик) кои покриваат математика, економија, историја и разни други предмети. Темите се толку широки, што можат да се користат и по завршувањето на формалното образование. Сите видеозаписи се снимени професионално, со највисок квалитет, па речиси е неверојатно што апликацијата е бесплатна. И интерфејсот исто така е едноставен, па дури и проследува каде сте застанале со видеозаписот при исклучувањето на апликацијата.
7. DuoLingo
Линк: iOS, Android, Microsoft StoreУште од најрана возраст е познато дека најдобро се учи низ игра. Оваа апликација токму низ игра ги подучува корисниците на јазици. На почетно ниво, DuoLingo предвидува учење на непознат јазик секој ден по 10 минути. Ова вреди да се искуси.8. Office Lens
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Дигиталните скенери не се нешто ново. Работат така што со камерата се фотографира некаква хартија или таблата во училницата, па таа фотографија се префрлува во разни записи, како pdf-датотеки. Во тестирањето на различни скенер-апликации, OfficeLens нема конкуренција. Иако и други апликации имаат можност за исправка на снимениот материјал во поглед на аголот на снимањето, оваа апликација тоа го прави со многу малку пикселизација, дисторзија и издолжување на фотографијата. Најпрактична е интеграцијата со OneNote, при која скенираниот материјал може директно да се префрли во тетратката за адекватниот предмет.
9. GeoGebra графички калкулатор
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Со калкулаторот GeoGebra лесно можат да се решат математички проблеми, статистички задачи, графички функции и равенки. Наместо тастатурата од мобилниот телефон, апликацијата има своја сопствена, што е многу практично, иако бара одредено приспособување. Апликацијата за кратко време ја решава задачата и го исцртува графиконот, но недостигаат начинот и постапката на решавање, какви што има во Photomath.
10. Dictionary.com
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android, Microsoft Store
Водечкиот интернет-речник на англиски јазик, Dictionary.com, има и своја апликација за мобилен телефон. Базата од над 2.000.000 збора функционира без грешка. Дополнително, особено е интересна и функцијата – збор на денот, која може да се добива и со нотификација, па на тој начин можете да го збогатите сопствениот речник за 365 нови збора на годишно ниво. Исто така, хит се и речниците на сленг, како жаргонот што бил актуелен во 70-тите години.
11. ClearFocus
Цена: бесплатно
Линк: iOS, Android
Со оваа апликација се олеснува користењето на техниките за зголемување на ефикасноста при учење Pomodoro, односно се сегментира учењето: на секои 25 минути поминати во учење, следува пауза од 5 минути. Откако ќе се одработат четири блока по 25 минути работа, паузата се зголемува на 15-20 минути. Апликацијата е извонредно едноставна и интуитивна и автоматски го продолжува четвртиот одмор.
Техниката ја развил Франческо Чирило кога се присилувал себеси на учење. Тогаш тој зел кујнски тајмер во форма на домат и го наместил на 10 минути. Со текот на времето ја усовршил техниката и сфатил дека блоковите од 25-минутно работење се најефикасни. Зголемувањето на ефикасноста при учење со користењето на оваа метода се евидентни.