„Кина, Русија и сите останати држави со силна компјутерска наука наскоро ќе се приклучат во трката за напредок на вештачката интелигенција“, истакна на Твитер, сопственикот на Tesla и Space X.
„Вештачката интелигенција е иднината, не само на Русија, туку на целото човештво. Развојот на оваа гранка нуди огромни можности, но исто така содржи и големи ризици кои е невозможно да се предвидат. Оној кој ќе стане лидер во оваа сфера ќе владее со светот“, рече Путин. Неговото обраќање на студентите беше емитувано на интернет и го проследија околу милион луѓе, поголемиот дел студенти и ученици од преку 16 000 школи.
На ова одговори сопственикот на Tesla и Space X, Елон Маск: „Почнува…“, напиша Маск на неговиот Twitter профил, притоа споделувајќи ја изјавата на Путин за вештачката интелигенција.
It begins … https://t.co/mbjw5hWC5J
— Elon Musk (@elonmusk) September 4, 2017
„Кина, Русија и сите останати држави со силна компјутерска наука наскоро ќе се приклучат во трката за напредок на вештачката интелигенција. Според мене, борбата за превласт во полето на AI ќе доведе до Трета светска војна“, се надоврза Елон Маск.
Елон Маск често зборува за тоа дека ги разбира ризиците од развојот на AI, па затоа тој и уште 116 лидери во развојот на технологијата минатиот месец потпишаа петиција со која бараа од Обединетите Нации да воведе нови регулации по прашање на користење на вештачката интелигенција во корист на националното наоружување.
Развојот на вештачката интелигенција во последните неколку години донесе големи грижи кога е во прашање националната безбедност. Кина и САД (а не Русија) се лидери на ова поле и неодамна кинеските власти изјавија дека нивниот план е значително да се одвојат од останатите држави и до 2030 година да станат светски лидер во сферата на оваа технологија.