Анкетата спроведена меѓу 50 добитници на Нобелова награда од областите хемија, физика, психологија, медицина и економија резултираше со десет предвидувања за тоа како ќе се збрише човечкиот вид.
Третина од нобеловците веруваат дека пренаселеноста ќе го уништи животот каков што го знаеме. Осумнаесет лауреати како најважна причина го наведуваат уништувањето на животната средина што главно е предизвикано од климатските промени.
„Климатските промени и недостигот на храна и вода за пиење се сериозни проблеми со кои се соочува човештвото. Потребна е науката за да се решат овие проблеми, но и едукација на јавноста за да се делува на политичко ниво.“
Како друга потенцијална закана се спомнува нуклеарна војна (23 проценти, односно 12 нобеловци мислат така). Северна Кореја најверојатно ќе лансира шеста ракета. Зголемените тении меѓу Северна Кореја и меѓународната заедница би можело да резултираат со избивање на нуклеарна војна.
Трета закана за човештвото се заразните болести и развивањето отпорност на лекови. Со ова мислење се согласуваат четворица лауреати.
Според Светската здравствена организација, отпорноста на антибиотици е една од најголемите закани по глобалното здравје и безбедноста на храната.
Ист број на Нобеловци сметаат дека себичноста и неискреноста ќе бидат погубни за луѓето. На петтото место се необразованите лидери, а тероризмот е дури на шестото место.
На седмо место според мислењата на научниците е незнаењето и извртувањето на вистината, потоа вештачката интелигенција и нееднаквоста.
Стравот од нова дрога што би можела да го уништи човештвото е десетта на листата со закани и тоа го мисли еден лауреат.
Исто така, 40% о нив сметаат дека популизмот и политичката поларизација се закана за научниот напредок.
Извор: B92