Трите компании се здружуваат за да овозможат најдобро доживување при гледањето на видео содржини со помош на HDR10+ технологија.. Овие три компании заедно ќе формираат единица за издавање на лиценци која од јануари, 2018 година ќе почне да издава лиценци за HDR10+. Лиценците ќе се издаваат на компании кои креираат содржини, на произведувачите на телевизори со ултрависока дефиниција, блу-реј плеери и сет-топ боксови, како и на СоЦ продавачи, без финансиски надоместок, само за номинален административен надоместок.
HDR10+ е најновата технологија за екрани од следната генерација која овозможува беспрекорен квалитет на сликата, при што осветленоста, бојата и контрастот автоматски се поставуваат за секоја сцена.
Постојат неколку клучни предности за партнери кои сакаат да ја превземат оваа платформа за своите HDR10+ производи. HDR10+ нуди флексибилност на системот, овозможувајќи им на различните партнери во оваа платформа да вградат и свои производи и со тоа да го збогатат корисничкото доживување на корисниците. Платформата HDR10+ е дизајнирана за да овозможи понатамошен развој и иновации за да би можело во наредните години да имаме уште помоќна технологија.
Посетителите на овогодинешниот IFA саем ги повикуваме да ги посетат штандовите на компанијата Samsung и Panasonic како би дознале повеќе информации за HDR10+ технологијата.
Поврзани артикли