Кинескиот вселенски институт и индустриска корпорација (КАСИК) започна истражувачки процес за создавање на „најбрзиот летечки воз“. Тој би можел да достигне брзина од 4.000 километри на час, а би патувал низ ваакумска цевка користејќи магнетна левитација, пренесе Кварц.
Возот би бил десет пати побрз од најбрзиот воз-куршум во светот (исто така кинески), четири пати побрз од комерцијалните летови и три пати побрз од брзината на звукот (1.225 км/ч).
КАСИК поседуваат повеќе од 200 патенти за проектот. Тврдат дека нивниот цевчест систем ќе биде првиот дизајниран за суперсонични брзина, иако првичната цел е да се достигне „скромна“ брзина од 1.000 км/ч.
#ICYMI Chinese company plans hyperloop traveling at 1,000 kmh https://t.co/sxF3jpJYmL pic.twitter.com/r8E6b8qpfG
— CGTN (@CGTNOfficial) August 30, 2017