Астрономите во Чиле успеаја да ја направат најдобрата фотографија на една ѕвезда надвор од Сончевиот систем. Станува збор за ѕвездата Антарес, оддалечена 620 светлосни години.
И покрај големата оддалеченост научниците успешно направија квалитетна фотографија, со оглед на тоа што се работи за една од најголемите ѕвезди во нашата галаксија.
Фотографијата е направена со 200-метарскиот телескоп VLTI во Чиле. Антарес се ближи кон крајот на својот живот, а се претпоставува дека ќе експлодира во следните неколку илјада години.