Дeка архитектонските проекти може да изгледаат сосема поинакво, и дека во нивната имплементација може да се користат еко материјали, докажале Chiangmai Life Architects (CLA) од Тајланд.
Токму они ја осмислиле и проектирале феноменалната школска спортска сала во тајландскиот регионот Chiang Mai, а привлечноста лежи во фактот дека притоа бил користен само бамбус. Целта била да се користи споменатиот материјал, кој е, исто така, нивниот локален симбол, со што самиот објект хармонично се вградил во амбиентот во кој се наоѓа. Во прашање е сала која се протега на 782 квадратни метри и е предвидена, меѓу другото, и за играње кошарка и фудбал.
Покрај тоа, странично, односно од двете страни има и балкони за гледачите и посетителите во текот на разни турнири и работилници. Со цел објектот да биде безбеден и издржлив, учествувале и двајца инженери кои се погрижиле конструкцијата да биде отпорна на силни ветрови, земјотреси и други природни катастрофи.
Поврзани артикли