Објавено е ново видео направено од птичја перспектива што покажува колку огромна ќе биде фабриката што ја гради Елон Маск во пустината во Спаркс, Невада.
Фабриката е сè уште во изградба, но еден дел е отворен уште пред неколку месеци. Тука се произведуваат батериите за Моделот 3 на „Тесла“. Првите 30 возачи во јули годинава ги добија своите автомобили.