YouTube апликацијата за паметни телефони наскоро ќе нуди нешто што досега го гледавме во апликациите за допишување – можност да споделувате видео, со до 30 пријатели и истовремено да го коментирате во чет.
„Сметаме дека тоа ќе овозможи поедноставно, побрзи и позабавно делење на видеата на смартфон“, објавија на официјалниот блог на YouTube и додадоа дека споделувањето видеа преку другите апликации и натаму останува достапна.
Оваа опција на тестна група корисници им беше претставена уште кон средината на минатата година, а сега би требало да стане достапна во целиот свет.
Новата опција е многу едноставна за користење, но по знак прашање е колку корисниците навистина сакаат да користат уште една апликација за допишување, па макар била и во рамките на друга апликација.
Погледнете само како тоа го замислија во YouTube.
https://www.youtube.com/watch?v=feBF_IY-HI8