Sharp официјално го претстави својот најнов смартфон, наречен Aquos S2. Главаната одлика на телефонот е 5,5-инчниот екран, со тенка рамка околу екранот и импресивен 84,95% screen-to-body однос. Дисплејот користи Free Form Display технологија, која на производителите им овозможува во екранот прецизно да напарават мали отвори за предната камера и рисиверот.
Sharp Aquos S2 ќе биде достапен во црна, бела, сина и зелена варијанта, по цена од околу 370 долари. Моделот од лимитираната едиција чини 520 долари и стигнува со Snapdragon 660 чипсет, 6GB RAM и 128 GB простор за складирање.
Стандардниот модел има Snapdragon 630 14nm чипсет, 4GB RAM и 64GB простор за складирање проширлив до 128 GB со microSD. На задната страна се наоѓа 12 MP камера + 8 MP секундарна камера, додека од предната страна е сместен 8 MP сензор. Телефонот има и сензор за отисоци, хибриден Dual SIM, 2930mAh / 3020mAh батерија со Quick Charge 3.0 поддршка и Android 7.1.1 перативен систем.
Поврзани артикли