За новото издание на својата апликација за електронска пошта, Microsoft покренува програма за бета тестирање во која можете да се вклучите. Новиот Outlook би требало, помеѓу останатото да биде поприлагодлив и да добие нов изглед.
Во текот на следните неколку недели тимот што стои зад Outlook на сите корисници ќе им понуди можност за вклучување во јавното беста тестирање на неговото ново издание. Ако не ви се допаѓаат промените, ќе можете да се вратите на старото издание.
Во Microsoft сакаат да ги тестираат новите опции и во стандардното издание да ги уфрлите оние кои досега се покажаа како добри. Се претпоставува дека така, меѓу останатото ќе заживее и новиот дизајн.
Наводно е со пореспонсивен и помодерен изглед од досегашните изданија благодарение на новата развојна рамка која ја усвоија во Microsoft. Како што пишува Tech Crunch, користен е ReactJS на Facebook, софтверската книжница за Javascript која е се повеќе популарна помеѓу веб апликациите.
Новото издание на Outlook би требало да донесе и надграден пребарувач, како и освежен преглед на разговорите. Покрај тоа, ќе понуди и нови можности за персонализација, па меѓу останатото, ќе можете по краток пат до електронската пошта на одредени луѓе.
Лесно достапни би требало да бидат емотиконите и GIF-овите, кои ќе можете да ги додадете на вашата е-пошта. Меѓу новите функции е и Quick Suggestion, која нуди информации за рестораните, податоците за летото и слично, а ќе можете на едно место да ги соберете сите испратени и примени фотографии на мејл.
Поврзани артикли