Покривот што може да се отвори и затвори за помалку од осум минути, за прв пат прикажан на јавноста.

Стадионот Mercedes-Benz во Атланта има невообичаен покрив кој може да се затвори како „ливчињата“ од објективот на фотоапаратот.

Покривот е дизајниран од бирото 360 Architecture, и се состои од осум ETFE (Etilen tetrafluoroetilen, пластика врз основа на флуор) покривни ливчиња кои лизгаат  по шините и се составуваат во една централна точка – токму како што работи и камерата.

Иако покривот е инсталиран и е во функција, тој во текот на ревијалниот НФЛ натпревар на 26 август помеѓу Atlanta Falcons i Arizona Cardinals ќе остане затворен, бидејќи не е целосно тестиран.

Новиот стадион во Атланта од речиси 200.000 квадратни метри, чија изградба била најавене на почетокот на 2015 година, е дизајниран да биде во можност да биде домаќин на широк спектар на настани: од Super Bowl, преку концерти до NCAA Final Four. Буџетот за изградбата на стадионот е одреден на 1.5 милијарди долари.

Погледнете како течела изградбата на стадионот снимена од дрон: