Кинеската компанија Yinlong започна со изградбата на индустриски парк во дистриктот Џинван, Жухај, каде што ќе инвестира околу 2,5 милијарди евра. Yinlong New Energy Industrial Park ќе биде најголемата светска база за развој и производство на батерии, електрични возила, мотори, системи за скалдирање енергија и електрични контролни системи.
Капацитетот на базата ќе биде околу 3 милијарди литумски батерии, околу 10.000 електрични автобуси, 500.000 останати електрични возила. Последната година Yinlong е вo силен инвeстициски замав. Компанијата изгради три производни погони, а инвестираше и во индустриски паркови за нова енергија.
Се очекува проектот да донесе околу 200 милијарди вредно производство во локалната заецница, што ќе има огромно позитивно влијание на локалната економија. Yinlong е многу блиску и до преземање на српската компанија Ikarbus, каде што планира годишно производство од 200 автобуси. Намерата е покрај електрични автобуси, во погоните на Ikarbus да се произведуваат и електрични такси возила, мини автобуси и мотори на струја.