Војниците на британската специјална служба SAS тестираат нови шлемови во стилот на „Војна на ѕвездите“, кои ќе бидат отпорни на куршуми, шрапнели, експлозии, оган и отрови.
Шлемовите, на кои им го дадоа прекарот „Boba Fett“ (според ловецот на уцени од популарниот серијал), се направени од супер-цврсти плочи, што ги прави буквално отпорни на куршуми. На пример, шлемот ја заштитува главата на војникот дури и од импакт на куршум од Магнум 44.
Шлемот располага и со термална визија и „пријател-непријател“ сензори, како и со вграден GPS систем кој проектира мапи на визирот. Истовремено служат и како гас маски против отровни/бојни гасови.
Опремата први ја пробаа американските морнарички Фоки и специјалните единици на Delta Force.
Воени извори од британските SAS, велат: „Со години индустријата за одбрана се обидуваше да најде начин да ја заштити главата, и ова е следниот чекор. Шлемот може многу повеќе отколку стопирање на куршуми. Опремен е со најнова технологија на комуникација и ќе му помогне на војникот да го види непријателот, без оглед на околностите“.
Поврзани артикли