Роботи рецепционери, паметни тоалети – иновации кои звучат како научна фантастика, но технологијата се развива толку брзо, што во блиска иднина нашиот свет може навистина да изгледа како научнофантастичен филм.
Кои технологии навистина ќе направат разлика? Ова се пет иновации што ќе ја обликуваат нашата иднина:
1. Паметни домови
Паметни телевизори кои комбинираат телевизија и пристап до интернет. Паметно осветлување, паметни контроли за загревање, автоматско заклучување на врати, програмирање преку мобилни телефони. Со сите овие технологии добивате паметен дом, каде што многу лесно ќе ги завршувате активностите во само неколку чекори.
Наскоро е можно да се креира машина за перење алишта која препознава каква облека треба да се стави во неа, да ја избере правилната програма и да користи соларна енергија за да функционира.
2. Виртуелни секретарки
Постојат неколку онлајн-алатки што можат да помогнат при закажувањето состаноци. Во светот на бизнисот секретарската работа е неопходна, со оглед на густиот распоред на настани и активности. Во иднина, наместо луѓе, би можеле да видиме како тоа го реализираат машини или роботи, или пак виртуелни асистенти.
Освен организирање состаноци и креирање распореди, виртуелните асистенти би можеле и да помогнат во менаџирање и составување на вистинскиот тим за извршување на задачите.
3. Доктори – вештачка интелигенција
Живееме во време кога напредокот на медицината е огромен и вештачката интелигенција ја обликува иднината на здравствената нега. Во иднина можно е да биде секојдневие да добиваме дијагноза преку вештачка интелигенција. Таа користи голем број информации од пациентите за да може да додели совети.
Ова може многу да помогне во земјите каде што има недостиг на лекари. Исто така, голем број мобилни апликации и технологии ги следат состојбите на пациентите и нивните активности, па тоа може да помогне и во изненадувачки ситуации.
4. Роботи
Роботи рецепционери, роботи што ќе помагаат на места каде што нема доволно персонал – сето ова брзо се реализира. Роботите опремени со вештачка интелигенција поседуваат гласовни вештини и препознавање на ликот, па затоа можат да стапат во интеракција. Со помош на вметнатите алгоритми, тие можат да бидат водичи и да помогнат во одредена ситуација.
5. Автомобили што се возат самите
И покрај фактот дека можат да направат грешки, можеби се и побезбедни од луѓето возачи. Користат голем број сензори и поседуваат опција за набљудување на 360 степени околу автомобилот.
Можат да избегнат сообраќајни несреќи и се особено корисни за компаниите што се занимаваат со достава.
Досегашните резултати се позитивни, но треба уште да се поработи на развојот на оваа технологија, за ваквите автомобили да можат да функционираат и во покомплексни ситуации и неконтролирани средини.
ИЗВОР: Fakulteti.mk