Стартапот кој работи на технологија за супер брзо патување Hyperloop One за прв пат сподели видео од капсулата во тунелот. Тестот успешно потврди неколку исклучитлно важни концепти за функционирањето на технологијата. Капсулата лебдеше над лежиштата додека забрзуваше во текот на патувањето.
Во овој тест Hyperloop One возеше со брзина од 305 километри на час со што и практично ја надмина брзината на најбрзите возови. Ова е далеку од брзината од 1.200 km/h која е крајна цел на Hyperloop. Се чини дека во моментов сè уште се тестираат условите при забрзување. При постигната максимална брзина, транспортната капсула би требало да се движи благодарение на разликата во притисоците.