По долгогодишни истражувања, се чини дека Microsoft конечно дојде до солидно решение за читање на текстовите наглас, што би било од огромна важност за лицата кои имаат дислексија или пак, оштетен вид.
Имено, во последната верзија на Офис 365 се содржи и опцијата „Читај наглас“. Опцијата беше првпат претставена минатиот декември, но сега таа содржи и промена на гласноста и брзината на читањето. Предвидени се и слушалки како додаток помагало.
Исто така, Word притоа ќе го обележува секој прочитан збор на екранот, така што дислексичарите полесно ќе го разбираат и она што го гледаат. А, и воопшто, ќе ни помага при побрза исправка на грешките во напишаниот текст.
Новата опција ќе биде пуштена во упореба до крајот на годинава.
Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како “б” и “д” или “п” и “н”. Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат.
Поврзани артикли