Јапонија го создава најбрзиот суперкомпјутер на светот, со што се надева дека ќе прерасне во глобално место за истражување на вештачката интелигенција.
Се очекува суперкомпјутерот да функционира со голема брзина, односно ќе може да изведе 130 квадрилиони калкулации во секунда.
Суперкомпјутерот ќе може да се употребува во различни области – ќе им помага на компаниите за развој на роботиката, дијагностиката и вештачката интелигенција воопшто. Тоа не значи дека суперкомпјутерот нема да се употребува и за помали секојдневни иновации.
Креаторите велат дека веќе не е важно кој компјутер е најдобар на светот, туку целта е креирање средина во која сите нови апликации ќе можат соодветно да се употребуваат и ќе се создаде машина која ќе нуди повеќе можности.