Автопатот, кој ќе се протега на 2.000 километри, ќе биде поставен на источниот брег на Квинсленд во Австралија и на многу места ќе може да се изврши полнење на електричните возила.
Се работи за амбициозен проект, а се очекува многумина да се упатат по автопатот, кој ќе поврзува два краја од земјата. Концептот е вистинска револуција на транспортот.
Во моментов, во Квинсленд има само 0,1 % електрични возила. Но, според спроведените анкети, повеќе од 50 % од луѓето имаат намера да купат електрични возила во наредните две години, ако одговара инфраструктурата. Бидејќи ваквиот транспорт е поевтин, електричните возила се користат повеќе за возење подолги дестинации.
Неодамна, во Франција и во Велика Британија се донесе одлука за отстранување на автомобилите на бензин и дизел-гориво поради големото загадување на воздухот. Кон негово намалување даваат придонес и електричните возила.
Со тоа што во Австралија ќе има ваков автопат, се прави еден голем чекор напред кон трансформација на транспортот, па луѓето ќе ја имаат потребната инфраструктура на која ќе можат да ги употребуваат возилата. Освен тоа, со сето ова се очекува да се намали и загадувањето што е присутно кај Големиот корален гребен.
Австралиската влада се надева дека до 2020 година бројот на електрични возила ќе се искачи на 12 илјади, а до 2030 на 1 милион возила.