Microsoft во декември минатата година го објави последното поголемо ажурирање на Cortana за Android и iOS платформите, кое донесе и целосно нов изглед на виртуелниот асистент. Сега персоналниот асистент добива преработен изглед на Android, што го унпаредува претходниот оригинален дизајн.
Cortana 2.9 го враќа хамбургер менито и ја намалува големината на апликацијата на два таба. Првиот таб се користи за претстојните настани, потсетници и календари, додека другиот таб го носи името “Interests” и е сличен на Google Feed. Овој таб нуди препорачани новости, блиски ресторани и друго.