Samsung во моментов е главен добавувач на OLED екрани во светот. Тој ќе го снабдува Apple со 92 милиони вакви екрани во текот на следните две години. Поради тоа Apple планира да го намали влијанието од Samsung со тоа што ќе инвестира од 1,75 до 2,62 милијарди долари во фабриката LG Display. Apple и LG Display планираат да склучат ексклузивен договор со кој LG ќе произведува OLED екрани ексклузивно за Apple.
Овој договор сеуште не е склучен затоа што производството на OLED екрани од страна на LG Display е сеуште во експериментална фаза и се очекува да почне во 2019 година.
Од друга страна, Apple планира до 2019 година секој iPhone да има OLED екран, стаклено тело, безжично полнење, и потенцијално, 3D сензори за препознавање на лицето.
Поврзани артикли