Во неодамнешно интервју, извршниот директор на Mercedes Benz изјави дека нивна конкуренција не се повеќе другите автомобилски компании, туку Tesla (очигледно), Google, Apple и Amazon.
Тој смета дека светот и нашите животи драматично ќе се променат во наредните 20 години.
– Софтверот ќе ги уништи повеќето традиционални индустрии во наредните 5 до 10 години.
– „Uber“ е само софтверска алатка, таа не поседува автомобили, а денес е најголемата такси-компанија во светот.
– „Airbnb“ денес е најголемата хотелска компанија во светот, иако не поседува никаков имот.
– Во Америка, младите адвокати повеќе не добиваат работни места. Благодарение на „Ај-би-ем Ватсон“ сега можете да добиете правен совет за неколку секунди со 90 отсто точност во споредба со 70 отсто точност кога советот доаѓа од луѓе. Затоа, ако студирате право, веднаш застанете. Во иднина ќе има 90 отсто помалку адвокати, ќе останат само специјалисти.
– „Watson“ веќе им помага на медицинските сестри да дијагностицираат рак, и тоа 4 пати попрецизно од човечките медицински сестри.
– „Facebook“ сега има софтвер за препознавање лица подобро од луѓето. Во 2030 година, компјутерите ќе бидат поинтелигентни од луѓето.
– Автономни автомобили: во 2018 година автономните автомобили ќе се појават во јавноста. Околу 2020 година целата индустрија ќе почне да се руши. Повеќе нема да сакате да поседувате автомобил. Ќе повикувате автомобил со вашиот телефон. Автомобилот ќе се појави на вашата локација и ќе ве одведе до саканата дестинација. Нема да има потреба да го паркирате, само ќе платите за возењето. Нашите деца нема никогаш да полагаат за возачка дозвола и никогаш нема да поседуваат автомобил.
– Ова ќе ги промени градовите бидејќи ќе ни бидат потребни 90 до 95 отсто помалку автомобили. Ќе можеме да ги трансформираме поранешните паркинзи во паркови. 1,2 милион луѓе секоја година умираат во сообраќајни несреќи низ светот. Сега имаме една сообраќајна несреќа на 100.000 километри. Со автономните автомобили ќе има една сообраќајна несреќа на 10 милиони километри. Со тоа ќе се спасуваат по милион жители секоја година.
– Повеќето автомобилски компании веројатно ќе банкротираат. Традиционалните автомобилски компании ќе го пробаат еволутивниот пристап и ќе изградат подобар автомобил, додека технолошките компании („Тесла“, „Епл“, „Гугл“) ќе одат со револуционерниот пристап и ќе изградат компјутер на тркала.
– Многу инженери од „Фолксваген“ и „Ауди“ се исплашени од „Тесла“. Осигурителните компании ќе имаат големи проблеми бидејќи без сообраќајните несреќи, осигурувањето ќе стане 100 пати поевтино. Нивниот бизнис-модел за осигурување на автомобили ќе исчезне.
– Недвижниот имот ќе се промени. Бидејќи ако можете да работите додека патувате, луѓето ќе се преселат подалеку за да живеат во поубава околина.
– Електричните автомобили ќе станат мејнстрим околу 2020 година. Градовите ќе бидат помалку бучни бидејќи новите автомобили ќе работат на електрична енергија. Електричната енергија ќе стане евтина и чиста.
Енергетските компании очајно се обидуваат да го ограничат пристапот до мрежата за да ја спречат конкуренцијата од домашните соларни инсталации.
– Со евтината електрична енергија доаѓа евтината вода. За десалинизација на солената вода сега се потребни само 2 киловати за кубен метар. Замислете секој да може да има чиста вода колку што сака, без трошоци.
– Здравје: цената на „Трикодер Екс“ ќе биде објавена оваа година. Постојат компании што ќе изградат медицински уред кој работи со вашиот телефон, што ќе може да ја скенира мрежницата, примерок од крвта и вашиот здив. Потоа анализира 54 биомаркери кои ќе ја идентификуваат речиси секоја болест. Ќе биде евтино, така што за неколку години секој на оваа планета ќе има пристап до медицинска анализа од светска класа, скоро бесплатно.
– 3Д-печатење: цената на најевтиниот 3Д печатач се спушти од 18.000 долари на 400 долари во период од 10 години. Истовремено, стана 100 пати побрз. Сите големи компании за чевли веќе започнаа со 3Д-печатење на чевли.
– Некои резервни делови од авионите веќе се печатат со помош на 3Д-печатач во оддалечените аеродроми. Вселенската станица сега има печатач што ја елиминира потребата за голема количина резервни делови што ги користеле во минатото.
– На крајот од оваа година новите паметни телефони ќе имаат можност за 3Д-скенирање. Тие ќе можат да ги скенираат вашите нозе и да ги испечатат вашите совршени чевли дома.
– Во Кина веќе е испечатена и првата комплетна шесткатна канцелариска зграда со помош на 3Д-печатач. До 2027 година, 10 отсто од сè што ќе се произведува ќе биде 3Д-печатено.
– Работа: 70-80 отсто од работните места ќе исчезнат во наредните 20 години. Ќе има многу нови работни места, но не е јасно дали ќе има доволно нови работни позиции за толку малку време.
– Земјоделство: ќе има земјоделски робот за 100 долари. Фармерите од земјите во третиот свет ќе можат да станат менаџери наместо да работат цел ден на полињата.
– Постои апликација наречена „Мудис“ која може да ви каже во какво расположение сте. До 2020 година ќе има апликации кои преку изразите на лицето ќе можат да кажат дали лажете.
– Биткоин можеби дури и ќе стане стандардна резервна валута.
– Долговечност: сега, просечниот животен век се зголемува за 3 месеци. Пред 4 години животниот век беше 79 години, а денес е 80. До 2036 година ќе продолжи да се зголемува за една година. Така, сите би можеле да живееме долго, веројатно повеќе од 100 години.
– Образование: најевтините паметни телефони се 10 долари во Африка и Азија. До 2020 година, 70 отсто од сите луѓе ќе поседуваат паметен телефон. Тоа значи дека секој ќе има пристап до образование од светска класа.
– Секое дете ќе може да ја користи академијата „Кан“. Има изданија на овој софтвер во Индонезија, а летово ќе има и изданија на арапски и на кинески.
Поврзани артикли