Facebook би можел да воведе претплата на медиумските вести од октомври, јавуваат западните медиуми повикувајќи се на извори од компанијата.
Кембел Браун, интернет претприемач кој меѓу другото е вклучен во овој проект изјави дека постои можност оти вакво нешто може да се случи.
-Во рана фаза сме од договорот со неколку големи медиумски куќи околу изработката на бизнис моделот за претплата на Facebook. Како дел од проектот „Facebook Journalism“ го користиме времето да работиме заедно со нашите партнери и ги разбираме нивните потреби, изјави Браун.
Проектот се уште е во фаза на изработка, но се наведува дека медиумските компании ќе нудат само десетина бесплатни публикации месечно, а се останато ќе се наплаќа. Откако ќе отворите 10 линкови од одредена медиумска куќа ќе добиете понуда да се претплатите на одредена публикација.
Близок извор од Facebook тврди дека мрежата ќе им дозволи на медиумските компании потполно да ја задржат контролата над тоа кои објави ќе се наплаќаат.
Поврзани артикли