LG го претстави својот најнов 31.5-инчен, 4K LCD монитор, со ознака 32UD99-W. Мониторот ја имплементира AMD FreeSync технологијата, а поддржува резолуција од 3840 x 2160 пиксели, преку IPS LED екран (со поддршка за репродукција на HDR 10 содржина).
Мониторот нуди динамички распон од 500 cd/m², 5ms GTG одзив и агли на гледање од 178/178 степени. Мониторот е опремен со стерео звучници (5W x 2), а од приклучоците има 1x USB Type-C порт, 2x USB 3.1 портови, 2x HDMI портови и 1 DisplayPort. LG 32UD99-W ќе почне да се испорачува од 28. јули, по цена од околу 100 долари.