Откако го официјализира и пушти во продажба Galaxy Note FE, Samsung ги објави плановите за рециклирање на Galaxy Note 7 моделите што се неисправни и собрани во текот на повлекувањето на уредите од пазарот во текот на минатата година.
Оние модели што не се отворени и користени, преправени се во Galaxy Note FE модели, кои пристигнуваат со помала батерија од 3200 mAh. Остатокот од Galaxy Note 7 телефоните ќе бидат рециклирани.
Samsung истакна дека планира во текот на процесот на рециклирање од Note 7 моделите да извлече преку 157 тони злато, сребро, кобалт и бакар. Процесот на рециклирање ќе почне пред крајот на овој месец. Компанијата исто така планира да ги одвои и повторно искористи клучните компоненти како што се AMOLED екраните, мемориските полупроводници и камера модули, со помош на еколошки методи. Некои од овие компоненти ќе бидат искористени во процесот на сервисирање на Note FE моделот, а другите делови ќе бидат продавани.
Samsung истакнува дека комплетниот процес на рециклажа ќе се одвива во еколошки пријателско опкружување, за да се задоволат организациите за заптита на животната средина.