Над 80% од бремените жени чувствуваат утринска мачнина која вклучува гадење и повраќање, што значително може да ја намали работната ефикасност на жената, како и да ги зголеми трошоците за лекување – истовремено негативно влијаејќи на квалитетот на животот и на мајката и на нероденото дете.
Наместо користење на лекови кои можат да влијаат на фетусот, постои и друго решение – EmeTerm.
EmeTerm е гаџет кој со неинвазивна метода која се заснова на прецизна невронска електрична стимулација овозможува олеснување од утринската мачнина. Низ испуштање на електричен пулс со исклучително ниска фреквенција од зглобот на корисникот, EmeTerm е способен да ги адаптира сигналите во вагусниот нерв кои се движат до и од стомакот. Со тоа, тој го запира или одложува испраќањето на сигналите за мачнината од мозокот до стомакот. Со други зборови, нерегуларните гастрични контракции се забавуваат, со тоа намалувајќи го чувството на мачнина кај корисникот.
EmeTerm е направен со највисоките безбедносни стандарди, а материјалот кој е користен во него е во склад со медицинските стандарди. Наместо природна гума, тој користи медицински силикон, што значи дека уредот е хипоалергичен (не може да предизвика алергиска реакција), а во електродите е користен инертен метал за да се избегне иритација на кожата.
Гаџетот е корисен и за превенција на лошење при возење во автомобил, автобус и сл, а чини $91.