Тони Фишер од британскиот град Ипсвич, кој минатата година го собори Гинисовиот рекорд за најголема Рубикова коцка, ја претстави својата најнова креација – се уште неофицијално најголемиот спинер на светот.
Оваа „играчка“ е широка 3,3 метри, висока 2,8 метри, тешка 20 килограми и функционира исто како и малите верзии.
Фишер ја изработил оваа направа за нешто повеќе од 40 часа.
Спинерот „за Гинис” е направен од „Селотекс“ изолациска плоча, велосипедски тркала и разни други ленти и навртки.