Компанијата Kaspersky Lab го претстави најновото решение за корисниците на Android уреди: апликацијата Battery Life ги заштитува корисниците од непријатната ситуација да останат со празна батерија кога најмногу им треба телефонот.
Според едно истражување, девет од 10 луѓе почнуваат да паничат кога нагло ќе им се испразни батеријата, а исто така се покажало дека на луѓето повеќе им недостига телефонот кога им е исклучен отколку партнерот кога е отсутен.
Решението на Kaspersky Lab е оваа бесплатна апликација што ги идентификува на вашиот уред оние апликации што најмногу ја трошат батеријата. Тоа е посебно важно ако се земе предвид дека 96% од апликациите на Android се активни и „влечат“ батерија и кога не ги користиме. Апликацијата ги зауздува овие „трошачи“ со еден клик, со што се продолжува трањето на батеријата, а корисникот ќе добие итно известување ако некоја од апликациите почне да корист повеќе енергија од вообичаено.
Battery Life ито така може да го пресмета времето до целосно гасење на батеријата, што им дава на корисниците временска рамка во која ќе треба да најдат начин да го наполнат телефонот.
Апликацијата може да ја преземете ТУКА.
ИЗВОР: Kajgana.com