Неколку производители на смартфони досега се обидоа да направат смартфон со многу мала рамка околу дисплејот, но никој не успеа да направи смартфон без воопшто рамка. Тоа најверојатно ќе му успее на Sony, кој иако не е особено успешен на пазарот, отсекогаш имал напредна технологија во својот арсенал. Sony e дел од производителите на екрани и затоа може порано да вгради вакви технологии во своите смартфони.
Поточно, компанијата е дел од Japan Display Inc. (JDI), во која учествуваат и гигантите Hiatachi и Toshiba кои заедно работат на нови технологии за екрани. Бидејќи JDI најави дека веќе има дисплеј со 18:9 сооднос на страните, без воопшто рамка околу дисплејот, логично е да се очекува дека Sony (единствен од тројката кој сѐуште се натпреварува во смартфон секторот) ќе лансира смартфон со такви карактеристики.
Ова е и веќе најавено на кинескиот „Google”, Weibo, каде има информации дека Sony ќе лансира ваков уред на IFA во Берлин, саем за технологија кој годинава ќе се одржи од 1-6 Септември. Ова значи дека смартфонот на Sony би бил издаден многу блиску до Galaxy Note 8 и iPhone 8, уреди за кои исто така се очекува да имаат минимална рамка околу екраните.