Експерти од Универзитетот во Вашингтон успеале да направат телефон кој својата енергија за работење ја црпи од околината, односно телефон на кој не му е потребна батерија.
Прототипот на овој телефон се заснова на технологија која му овозможува да рефлектира радио-бранови и на тој начин да се комуницира.
И покрај тоа што денешниве телефони “бараат” многу енергија за работа, овој уред користи аналоген начин на комуницирање, што е слично на шпионската опрема за време на Ладната војна.
Иако повиците на телефонот без батерија ќе немаат баш надобар прием, тие сепак ќе функционираат.