На најголемиот мобилен саем во Азија, Mobile World Congress во Шангај, кој е организиран во соработка со организацијата GSMA, вчера беа доделени награди за бројни мобилни категории (AMO – Asia Mobile Awards), а најинтересна е секако наградата за најдобри паметни телефони.
Жирито составено од новинари, аналитичари и влијателни луѓе од мобилниот пазар ја донесоа одлуката за најдобар телефон врз основа на бројните критериуми, како дизајнот, перформансите, корисничкото искуство, едноставноста на користење, иновациите и вредноста за парите. Според нив, наградата за најдобри смартфони ја добина новите модели од Galaxy S серијата на Samsung – S8 и S8+, што е уште една потврда за квалитетот на овие мобилни уреди.
Новите модели S8 и S8+ на следниот Mobile World Congress што ќе се одржи во Барселона ќе бидат меѓу главните фаворити за наградата за најдобар смартфон во 2017 година и за титулата веројатно ќе се борат со новите модели на iPhone и телефоните како Sony Xperia XZ Premium, моделите на Huawei како P10/P10 Plus, OnePlus 5 итн.
Новите модели од Galaxy S серијата ги покренува најновата верзија на Snapdragon процесорот, односно Exynos процесорот на Samsung. S8 има 5,8-инчен екран со резолуција од 1440×2960 пиксели, 4GB RAМ, 64GB меморија и 12MP камера, додека S8+ доаѓа со екран од дури 6,2-инча, има 4, односно 6 GB RAM, 64/128 GB интерна меморија, посилна батерија и исто така 12 MP камера.