Милијардерот, иноватор и визионер, Елон Маск тврди дека за неколку децении на Марс можеби би бил изграден град со милион жители.
Маск вели дека заработува пари само за да би можел да го оствари овој сон. Тој наведува дека најважна е изградбата на флота од илјада летала кои би биле транспорт меѓу планетите – од Земја до Марс и обратно.
Колонијата на Марс би можела да достигне бројка од милион луѓе за 40 до 100 години, Елон ја опишува својата визија за населувањето на Црвената планета во магазинот “New Space”.
Маск смета дека Марс е идеален за колонизација бидејќи е “ладен, но луѓето можат да го загреат”.
Црвената планета има атмосфера која се состои првенствено од јаглерод диоксид, азот и аргон како и траги од други елементи па луѓето, прилагодувајќи се на условите, би можеле да одгледуваат растенија.
Тој верува дека на луѓето ќе им биде “прилично забавно” на Марс со оглед на тоа дека гравитацијата на таа планета е само околу 37% од таа на земјата.
Бројката од милион луѓе Маск ја смета за клучна, бидејќи толку “луѓе Марсовци” се потребни за колонијата да може да биде самоодржлива. Тој очекува првиот лет на Марс да биде изведен во 2022. година.
Поради ротацијата на Земјата и Марс, испраќањето на вселенски брод може да се изведе еднаш во 24 месеци, а со еден брод би можеле да патуваат помеѓу 100 и 200 луѓе.
Маск проценува дека за да се воспостави колонијата со милион жители ќе бидат потребни 40 до 100 години.