Имаше некои претпоставки и претходно, за тоа кога и како Facebook сака да застане во новонастанатиот ред на даватели на содржини. Па, времето е тука и сега: царството на социјални медиуми на Марк Цукерберг сака да го преземе пазарот со две високобуџетни серии. Прашањето е сосема оправдано: која е воопшто потребата за ова? Одговорот е краток: Facebook ги има сите потребни квалификации за стартување на успешен медиумски бизнис.
Работата која сигурно е предност е дека оваа социјална платформа има милијарда корисници низ светот, бидејќи граѓаните на сиромашните земји исто така се на Facebook. Освен тоа, имаат многу огласувачи. Исто така зборуваме за целосно бесплатна платфрома која има посебна видео апликација за Apple TV и другите слични забавни кутии. Поради тие причини, воопшто не е далеку од реалноста да се помисли дека Facebook би можел да стане успешен господар на содржини во иднина.
Дури и со фактот дека размислуваат на ниво на кабелска телевизија. The Last State Standing (game show) и Stranger (драма) ќе чинат 3 милиони долари по секоја епизода, а компанијата моментно е во преговори со најголемите Американски студии за договорот. На листата на студии, можеме да пронајдеме имиња како Creative Artists Agency, United Talent Agency, William Morris Endeavour и International Creative Management Partners.
Според информациите кои ги има Wall Street Journal, Facebook сака да постигне договор кој ќе осигура дека сериите во тек ќе бидат сосема нивни, за да можат да ги поседуваат и правата на емитување. Епизодите ќе бидат затворени секоја недела, а серијата веројатно ќе биде претставена до крајот на летото, слично на Apple Music, каде исто така објавуваат содржини.
Поврзани артикли