Snapchat плати 200 милиони долари да ја купи конкурентската стартап компанија Zenly од Франција со која ќе им овозможи на корисниците да ги следат активностите на нивните пријатели според мапи и локации.
Snapchat ја купи Zenly уште во мај годинава и наводно веќе ја има надградено главната апликација со дел од опциите на Zenly.
Snap својата верзија на Zenly ја нарече Snap Map, а апликацијата наводно ќе функционира одвоено од Snapchat, како што е тоа пракса на Facebook и на Instagram.
Корисниците на Snap Map ќе можат да гледаат снимки и фотографии на нивните пријатели според локацијата на која се наоѓаат додека во позадина им е вклучен GPS.
Zenly им овозможува на корисниците да ги гледаат нивните пријатели на мапа и директно да им пратат порака, или пак да следат што се случува на одредена локација.
Оваа стартап апликација стана многу популарна меѓу тинејџерите во Франција, Јужна Кореја и Јапонија.
Поврзани артикли