Samsung Galaxy Note 7 имаше големи проблеми по претставувањето, па компанијата одлучи да го повлече од пазарот. Меѓутоа, Samsung го преправи уредот, кој наскоро ќе се појави под ново име: Galaxy Note FE.
Според извештаите, Galaxy Note FE ќе се најде во продажба од 7. јули на територијата на Јужна Кореја. Samsung сакаше да го објави фаблетот кон крајот на овој месец, но на крај одлучи лансирањето на уредот да го помести за наредниот месец. Причина за ова е зголемување на бројот на произведени модели – првобитно Samsung планираше да произведе 150.000 примероци, но овој број е зголемен на 450.000.
Покрај датумите на објава, се сугерира дека Galaxy Note FE ќе има и интегриран Bixby асистент. Овој уред ќе биде втор модел со овој гласовен помошник, по Galaxy S8. Се очекува цената на фаблетот да изнесува помеѓу 650 и 670 долари.
Поврзани артикли