Иако научниците се уште не ја истражиле вселената, тоа не ги спречи да почнат да размислуваат за виртуелна вселена. Научниците од Универзитетот во Цирих отидоа и чекор понатаму и направија симулација на целата наша вселена.
Благодарение на суперкомпјутер создаден е огромен каталог кој опфаќа околу 25 милијарди виртуелни галаксии кои се создадени од 2 билиона дигитални честички. Виртуелната вселена ќе послужи како тестен полигон за експерименти кои ќе ги спроведува сателитот Euclid по лансирањето во 2020 година. Euclid како главна задача ќе го има истражувањето на природата на темните работи и темната енергија.
„Природата на темна енергија останува една од нерешените загатки во модерната наука“, истакна професорот од Универзитетот во Цирих, Роман Тејсер.
Токму проектот Euclid ќе проба да ја расветли темната страна на вселената. Но, за да успее во тоа, научниците пред неговото лансирање мораат да ја минимизираат можноста за грешка.
„Euclid ќе направи топографска мапа од вселената“, појасни Јоаким Стадел од Универзитот.
Научниците се надеваат дека Euclid ќе осигура нови информации за природата на таинствената темна енергија, но можеби и да открие нов тип на честичка што се крие во неа.
Поврзани артикли