Samsung веќе некое време произведува сопствени Exynos мобилни процесори, а судејќи според се, компанијата планира да се осамостои и на полето на графиката за мобилни уреди. Samsung со години наназад се потпира на графичките решенија ARM Mali и Qualcomm Adreno, но ова би моќело да се промени во иднина.
Според најновиот оглас за работа што го објави јужнокорејската компанија, изгледа дека Samsung сака помалку да се потпира на ARM солуциите и да создаде сопствен мобилен GPU, кој перфектно би се сложувал со актуелните и идните линии на процесорите на компанијата,
Samsung секако нема во потполност да го отфрли партнерството со компаниите ARM и Qualcomm, чии чипови ќе се користат за помал број уреди. Посебно поради фактот дека самостојното GPU решение на Samsung ќе го видиме најверојатно за две до три години.