Понудата на графичките картички на MSI стана побогата за уште еден модел – GeForce GTX 1050 Ti Aero ITX 4G OCV1. Како што открива самото име, дотичниот модел настана поради потребите на сопствениците на помалите, ITX куќишта.
Што се однесува до самите техникалии, GPU (GP107-400) има 768 CUDA јадра и основна брзина од 1.341 MHz, додека истата со помош на Boost технологијата може да изнесува и максимални 1.455 MHz. Картичката има 128-битен мемориски интерфејс, 4 GB GDDR5 VRAM со брзина од 7.008 MHz.
TDP на оваа графичка картичка изнесува само 75 W поради што не и е потребен дополнителен извор на напојување. Од видео излезите на располагање се по еден DisplayPort, HDMI и DL DVI-D. GeForce GTX 1050 Ti Aero ITX 4G OCV1 поддржува DirectX 12 и OpenGL 4.5 технологија.
Поврзани артикли