Samsung не забавува со објава на телефони оваа година, а она што не очекува е најновиот Galaxy Note фаблет модел. Најновите гласини сугерират дека Note 8 ќе биде објавен кон крајот на август.
Новиот Samsung Galaxy Note 8 се очекува пред наредната генерација на iPhone (се очекува во текот на септември), а овие информации ни ги донесува The Korea Herald. Некои претходни Galaxy Note модели исто така беа објавени во текот на август: Note 5 стигна на 13. август 2015, а во продажба беше од 21. август, додека минатогодишниот Note 7 беше објавен на 2. август.
Се очекува дека Galaxy Note 8 ќе има голем 6,3-инчен дисплеј, без рамки околу екранот, би можел да користи дуал-камера систем со 12 MP широкоаголна и 13 MP телефото леќа. Под стаклото од предната страна би можел да биде сензорот за отисоци на прсти.
ИЗВОР: TweakTown