Опцијата „Recall’ ќе им овозможи на корисниците да ја избришат „непосакуваната“ порака во рок од пет минути откако ќе биде испратена.
Како што пренесува британски „Дејли Мејл“, извори од WhatsApp потврдиле дека наскоро апликацијата треба да ја добие опцијата “Recall” која што на корисниците ќе им овозможи да ја избришат „непосакуваната“ порака во рок од пет минути откако ќе биде испратена.
Долгоочекуваната опција за прв пат се појави во април оваа година кога беше тестирана бета верзијата на WhatsApp. Но, според последните информации, оваа опција набрзо ќе се појави и тоа со следниот апдејт на популарната апликација за комуникација.
Опцијата “Recall” би требала да работи на сите типови пораки, вклучувајќи ги текстуалните фотографиите, видеата, GIF-овите и документите. Корисниците ќе можат да ги избришат пораките во рок од пет минути после испраќањето, а откако тоа време помине, пораката останува перманентно како и досега.
Поврзани артикли