Кинеската компанија OnePlus официјално потврди дека на 20. јуни ќе го претстави својот следен премиум телефон – OnePlus 5. Компанијата им прати известување на медиумите дека онлајн настанот ќе се одржи споменатиот датум, а клучниот говор ќе биде пренесен во живо. Покрај ова, компанијата испланира и голем број настани ширум светот. Покрај ова, компанијата испланира и голем број настани ширум светот, на кои ќе се промовира и прикаже OnеPlus 5 телефонот.
Креирана е и специјална страница за OnePlus 5, а оние кои сакаат да добиваат ексклузивни вести за телефонот, можат да се пријават на newsletter преку оваа страница.
OnePlus веќе откри дека OnePlus 5 паметниот телефон ќе има Qualcomm Snapdragon 835 чипсет, а сугерира дека ќе има и две хоризонтално поставени камери на задната страна, потенок профил од ривалските смартфони, како и повеќе верзии на бои од својот претходник.
ИЗВОР: GSMArena