Gigabyte Aero 15 е и еден од најтенките 15,6-инчни лаптопи, според наводите на компанијата Gigabyte
Минатиот месец, поради можни проблеми со батеријата, Gigabyte ги повлече од пазарот своите најнови Aero 15 гејминг лаптопи. Во текот на саемот Computex, компанијата го прикажа надградениот модел, кој го одликува дисплеј скоро без рамки околу екранот. Исто така, Aero 15 е и еден од најтенките 15,6-инчни лаптопи, според наводите на компанијата Gigabyte.
Aero 15 не го поседува најмоќниот можен хардвер, но и натаму е моќен со Intel Core i7-7700HQ процесорот, Nvidia GeForce GTX 1060 графика со 6 GB видео меморија и до 16 GB DDR4-2400 RAM и два M.2 SSD слота.
Дисплејот од 15,6 инчи има 1080p резолуција, а може да се надгради на 2160p. Екранот е можно да се калибрира и сертифицира со X-Rite Pantone професионален тест за калибрација.
Gigabyte Aero 15 лаптопот ќе биде достапен од ова лето, во зелена, виолетова и црна варијанта, по цена од околу 2000 долари.
Извор: NextPowerUp