Компанијата верува дека здодевното старо муабетење не е доволно да го задржи вниманието на модерните корисници
Microsoft ја објави новата верзија на Skype, за која компанијата истакнува дека претставува следна генерација на сервисот. Компанијата тврди дека големото освежување на апликацијата ќе им овозможи на корисниците животот да го доживуваат заедно, секој ден на полесен начин.
Microsoft истакна дека Skype е преработен од темел, а ќе присигне со подобрен интерфејс фокусиран на chat. Но, компанијата верува дека здодевното старо муабетење не е доволно да го задржи вниманието на модерните корисници, а на ваквиот став сигурно влијаеа и ривалските апликации. „Со новиот Skype, сега е уште полесно да се претвори разговорот во акција преку групни разговори, add-инови и ботови”.
Компанијата пробува Skype да го претвори повеќе во социјална платформа, со претставување на своја верзија на Snapchat Stories, која компанијата ја нарекува Skype Highlights. Оваа функција на корисниците ќе им овозможи лесно да најдат и споделат фотографии во текот на лимитираниот период, поставувајќи ги на timeline каде што семејството и пријателите ќе можат да ги видат и реагираат на нив.Windows корисниците нема веднаш да ја добијат новата Skype апликација. Новиот Skype најпрвин стигнува на Android во наредните недели, а потоа и на iOS. Верзиите за Windows и Mac ќе бидат објавени во наредните неколку месеци.
https://www.youtube.com/watch?v=RU9w41tPXyc
https://youtu.be/qItfRVJFljM?list=PLaLRbjVhH6kJyDzo1_aFwpumdgsQaHsol