Смартфонот ќе се одликува со 4,7-инчен екран со HD резолуција, а ќе работи на најновиот оперативен систем Android 7.0 Nougat
Samsung претстави нов телефон од пониска класа. Наречен Galaxy Feel, новиот телефон ќе се одликува со 4,7-инчен екран со HD резолуција, но и со најновиот оперативен систем Android 7.0 Nougat.
Телефонот под хаубата ќе има осмојадрен процесор кој работи на 1,6 GHz, а покрај тоа и 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, како и батерија од 3000 mAh. На задната страна се наоѓа камера од 16 мегапиксели, додека на предниот дел е сместена предна камера со резолуција од 5 мегапиксели. Смартфонот е со дебелина од 8,3 мм, тежината му е 146 грама, а ќе биде достапен во три бои – бела, црна и виолетова.
Samsung Galaxy Feel наскоро ќе се најде во продажба во Јапонија, но засега нема информации кога ќе се продава на другите пазари, ни по која цена.
ИЗВОР: GSMArena