Новиот фаблет на Xiaomi се одликува со огромен дисплеј од 6,44-инчи, а ќе чини околу 220 евра
Кинеската компанија Xiaomi и официјално го претстави својот нов паметен телефон, односно фаблет Mi Max 2.
Како и во случајот на неговиот претходник, тука исто така акцентот е ставен првенствено на големиот екран и многу високата автономија на батеријата. Имено, Mi Max 2 донесува 6,44-инчен екран со резолуција 1920 x 1080 пиксели и батерија со капацитет од дури 5300 mAh (со додадена поддршка за бзо полнење на батеријата QuickCharge 3.0).
Тука е и 14-нанометарскиот Snapdragon 625 чип, 4 GB RAM, 64 односно 128 GB интерна меморија, стерео звучници, метално куќиште и сензот за отисоци од прсти на задната страна на уредот. Задната камера е 12-мегапикселна и со содржи сензорот на Sony, IMX386, додека од предната страна се наоѓа 5-мегапикселен сензор.
Mi Max 2 на пазарот ќе пристигне на 1. јуни со цена од околу 220 евра за моделот со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, односно околу 259 евра за моделот со 4 GB RAМ и 128 GB меморија.
Поврзани артикли