Прототипот што го претстави јужнокорејската компанија доаѓа во форма на 9.1-инчен дисплеј
Веќе некое време знаеме дека компаниите како Samsung и LG работат на екрани што може да се виткаат, но сега Samsung оди еден чекор натаму и ни го демонстрира првиот светски растеглив OLED дисплеј. Тоа значи дека наместо само да се свиткува или преклопува, овој екран ќе може да се растегнува (до одредена мерка).
Ваквата фунцкија значи дека споменатиот дисплеј потешко ќе се оштетува во споредба со традиционалните екрани. Прототипот што го претстави Samsung доаѓа во форма на 9.1-инчен дисплеј кој може да се превиткува, смотува, како и да преживее навалување на длабочина од половина инч, пред враќање во финалната форма.
Samsung не објави која технологија ја користи за креирање на ваков дисплеј, но јасно е дека ќе биде многу прилагодлива и ќе се користи во бројни категории, вклучувајќи автомобили, домашни уреди, компјутери, телевизори и друго.
Со оглед на тоа дека се работи за релативно млада технологија, се очекува да помине доста време додека не биде комерцијализирана. Во меѓувреме, очекуваме телефоните со флексибилни екрани да станат глобално достапни.