Се работи за 13,3-инчен преносник што според димензиите е помал од 12-инчниот MacBook
Huawei во својата понуда го додаде и првиот вистински лаптоп – MateBook X. Се работи за 13,3-инчен преносник што според димензиите е помал од 12-инчниот MacBook. Згора на тоа, MateBook X за 11 милиметри е помал од А4 лист на хартија.
Благодарејќи на тоа, моментно важи за најмал 13,3-инчен лаптоп на пазарот. Како што е видливо од фотографијата, рамките околу екранот се многу мали, а покрај тоа има место и за веб камера од 1 мегапиксел. Екранот е со 2K резолуција (2.160 x 1.440 пиксели), а го одликува и 100 процентна поддршка за sRGB спектарот како и контраст од 1.000:1. Од можните оштетувања е заштитен со Gorilla стакло.
За потенцијалните купувачи, Huawei подготви три различни конфигурации – две со Core i5 процесорите и една со Core i7. MateBook X може да се опреми до 8 GB RAM и до 512 GB SSD, како и со Core i5-7200U и Core i7-7500U процесори.
Понатаму, тука и е поддршката за Wi-Fi (802.11 ac) и Bluetooth (4.1) технологија, стерео звучници и два микрофона. MateBook има читач на отисоци на прстот што е сместен во копчето за вклучување. Тастатурата кај овој модел е водоотпорна, а системот на ладење е без вентилатори, односно fanless (се користат гел капсули).
За разлика од MateBooka E, моделот X има два USB-C порта и поголема батерија – 41,4 Whr. Поради тоа, поголема е и автономијата, околу 10 часа. Што се однесува до дебелината, MateBook X е тенок 12,5 милиметри. Цените по доаѓањето на пазарот ќе изнесуваат 1.399 евра (Core i5/8 GB/256 GB), 1.599 евра (Core i5/8 GB/512 GB) и 1.699 евра (Core i7/8 GB/512 GB).
Поврзани артикли